Охрид ТОП ВЕСТИ

Членовите на „Вики Клуб“ Охрид се запознаа со ретките болести

Охрид, 4. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Членовите на „Вики Клуб“ – Охрид денес се запознаа одблиску со ретките болести.

Нивни гостин беше Гордана Лолеска, активист во здружението „Живот со предизвици“.

Оваа средба се оствари во просториите на Црвен крст Охрид, со заеднички мотив, а тоа е збогатување на Википедија на македонски јазик со статии на темата ретки болести.

– Целта е повеќе од јасна, за секоја дијагноза на ретка болест членовите на Вики клубот да уредат соодветна статија, потпомогнати од Здружението за ретки болести. Овој процес се очекува да трае подолг период, а едно заокружување би се очекувало на одбележувањето на Светскиот ден на ретките болести во февруари, идната година, рече Наташа Неданоска, координатор на „Вики Клуб“ – Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави