Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Две лица од Струга агресивно се однесувале кон полициски службеници на ракометен натпревар

Струга, 5. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 19-годишниот Д.С. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и против 26-годишниот Н.Ј. од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице во вршење работи од безбедноста“.

– Кривичните дела тие ги сториле на 19-ти октомври 2019 година, во 22:10 часот на ракометен натпревар во Струга. Првопријавениот агресивно се однесувал и ги навредувал полициските службеници, додека второпријавениот се обидел физички да ги нападне полициските службеници и да ги спречи во преземањето на службените дејствија, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука