Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со сончеви периоди и температура до 10. степени

Охрид, 6. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, по одделни котлини магливо и студено. Кон крајот на денот во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови, ќе има локални врнежи од дожд.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 10. степени.

– Денес кон крајот на денот и утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд. Потоа во наредните два дена ќе биде стабилно, а по котлините во понеделник ќе биде магливо и постудено. Нови врнежи од дожд и снег на планините се очекуваат во вторник, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука