Спорт

Од идната сезона нова предизвикувачка патека во Формула 1, во Холандија (видео)

Зандворт, 7. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Неодамна заврши сезоната во Формула 1 а тимовите веднаш ги започнаа подготовките за идната сезона.

Информациите се дека првпат по 1985 година, Ф1 циркусот повторно се враќа во Холандија, на патеката „Зандворт“ на чија изградба интензивно се работи.

Познавачите на приликите велат дека недостасуваат уште два дополнителни свиока и се работи на зголемување на капацитетот на места за забава покрај патеката.

„Со овие надградби и модификации на „Зандворт“ ќе биде најпредизвикувачката и најубава патека во Европа, а можеби и во светот“ изјави директорот на Гран-при Холандија, Јан Ламерс.

Распоредот вели дека трката за Големата награда на Холандија ќе се вози на 3. мај идната година.

Погледнете како изгледа симулираното возење на „Зандворт“:

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави