Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Жител на струшка Долна Белица поседувал ловна пушка без соодветна документација

Струга, 7. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 53-годишниот С.Л. од селото Долна Белица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

– На 19-ти јули 2019 година, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле ловна пушка и 87 парчиња муниција од различен калибар, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука