Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

33-годишен охриѓанец пронајден починат во зграда на улицата „Мирче Ацев“ во Охрид

Охрид, 7. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 6-ти декември 2019 година, околу 19:00 часот во СВР Охрид, доктор од Итна медицинска помош, пријавил починато лице во зграда на улицата „Мирче Ацев“ во Охрид.

– По преземените мерки, констатирано е дека се работи за 33-годишниот Д.Ц. од Охрид и дека нема траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, денеска ќе биде извршена обдукција, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави