Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Кривична за жител на струшко Корошишта поради „бесправно градење“

Струга, 7. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Струга поднесе кривична пријава против 30-годишнито Р.Б. од струшкото село Корошишта, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижност“.

– Во текот на 2019 на катастарска парцела во Корошишта, пријавенот во својство на инвеститор, без да поседува одобрение, изградил објект за домување и узурпирал земјиште во државна сопственост, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука