Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево и потопло време со умерена облачност и температура до 12. степени

Охрид, 8. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. По одделни котлини со појава на магла, претежно во претпладневните часови. Ќе дува слаб, а во југоисточните делови умерен ветер од северозападен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне 12. степени.

– И утре ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност, но по одделни котлини ќе има појава на магла и ќе се задржи постудено. Под влијание на серија влажни бранови од вторник ќе има нови врнежи од дожд, а на планините од снег, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави