Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Mozzafiato Music Festival со врвна програма: Влатко Лозаноски, Александра Јанева, Камелеон, Balter, The Chicks, Ѓоко Танески, Зарина Првасевда, Marko Log Out…

Охрид, 8. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Влатко Лозаноски, Александра Јанева, Камелеон, Balter, The Chicks, Ѓоко Танески, Зарина Првасевда и Marko Log Out се само дел од имињата кои ќе бидат дел од првото издание на Mozzafiato Music Festival.

Boutuque hotel & bar Mozzafiato од самото отворање на 1-ви ноември, успеа да изгради сопствен идентитет и програма која изобилува со проверени, но пред се’, со нови имиња кои настапуваат во Охрид.

No photo description available.

– Основната идеја е да понудиме нешто ново, во делот со бендовите, изведувачите, но и останатите елементи кои ги нудиме на нашите најдобри посетители – Stand Up забавите, тематските денови посветени од одредена кујна или храна. Така ќе биде и понатаму, а во насока на што е можно подобра понуда на нашиот објект, но и на Охрид, како најголем туристички центар во државата, изготвивме посебна програма, која ќе трае од 13-ти декември 2019 до 20-ти јануари 2020 година. Сите активности во овој период ги склопивме под едно име – Mozzafiato Music Festival, кој се надеваме дека ќе прерасне во традиција и секоја година ќе нуди атрактивни имиња, порачуваат од Mozzafiato.

Дека програмата ќе е атрактивна и богата покажуваат и дел од имињата кои се веќе објавени за јавноста: Влатко Лозаноски, Александра Јанева, Камелеон, Balter, The Chicks, Ѓоко Танески, Зарина Првасевда, Marko Log Out, MusaiQ, Александра Илиева и Дикато Бенд, Балкан Џем, Dj Jane, Јован Куцин и Даниел Јовески, Goce SAF, Dj Oky Doky, Дуо ДИС, Dj TOni, Dj Jovan и многу, многу други… (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави