Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Забележителен успех за Taekwondo клубот „Hwarang FIST“ на хуманитарниот турнир „Борба за хуманост“ во Скопје

Скопје/Охрид, 8. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Младите спортисти од Taekwondo клубот „Hwarang FIST“ од Охрид постигнаа заблежителен успех за  на хуманитарниот турнир „Борба за хуманост“, кој денес се одржа во Скопје.

Петар Петкоски освои злато, Давид Јанкулоски, Јована Јовческа, Мартин Јанкулоски и Ненад Целески освоија сребро, додека Сара Ницеска, Ѓорги Петкоски, Јана Сандреска и Тамара Велјаноска освоија бронзени медали. Тренерот на Taekwondo клубот „Hwarang FIST“ освои пехар за најферплеј тренер на турнирот.

– Главна и основна цел на турнирот е поддршка на децата кои се без родителска грижа и социјален ризик за кои СОС Детско Село се грижи повеќе од 18 години, информираат организаторите.

На турнирот кој се одржа во организација на Taekwondo клубот „Кобра“ учествуваа сите клубови членки на федерацијата, вкупно 130 натпреварувачи во младински категории, пионери, кадети и јуниори.

Овој турнир беше дел од официјалниот турнирски систем на натревари во МТФ, и истиот носи бодови за официјалниот ранкинг при МТФ согласно правилникот за бодување на МТФ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука