Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Панел дискусија за туризмот како фактор во ЕУ процесот во Охрид

Охрид, 8. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во организација на Европското движење во Република Македонија (ЕММК), во вторник во Охрид ќе се одржи панел дискусија чија цел е приближување на Претпристапните преговори за членство во Европската унија кон граѓаните.

– Имајќи предвид дека Република Македонија е во финална фаза од подготовките за отпочнување на претпристапните преговори би сакале да ги споделиме резултатите од нашите досегашни истражувања со граѓаните на Општина Охрид и Југозападниот плански регион. Со оглед на сознанието за посебната улога на туризмот и културното наследство во овој Регион дискусијата ќе биде насочена во правец на идентификување на развојните фактори и на овој значаен сегмент од Поглавјето 26 на претпристапние преговори. Исто така, посебна цел дискусијата е афирмацијата на европските инцијативи за потесна соработка на локалните власти, граѓанските здруженија и другите релевантни чинители во развојните процеси. Очекуваме јавна и отворена дебата која ќе даде значаен придонес во поставувањето на виталните прашања во преземање на нови инцијативи за приближување кон Европската унија, информираат организаторите.

Панел дискусијата е дел од активностите на проектот „Граѓанските организации во служба на демократијата“. Овој проект е финансиран од Европската Унија преку ИПА програмата за граѓанско општество и медиуми, а е спроведуван од: Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење (ЕД). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука