Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Премиера на филмот „Дедо и внук“ на Илија Пиперкоски во Битола

Битола/Охрид, 8. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – По охридската од петокот, 6-ти декември, синоќа во Битола се одржа премиерата на филмот „Дедо и внук“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски.

Овој филм кој започна да се снима во април 2017 година е единствениот долгометражен игран филм во македонската кинематографија, по филмот на Димитрие Османли „Мирно лето“, кој е целосно снимен во Охрид. Дури и првата клапа од филмот е направена во истата куќа во стариот дел на Охрид, каде во далечната 1961 година се снимаше филмот „Мирно лето“. Режисерот Илија Пиперкоски, истовремено, е и сценарист на филмот. Продуцент на филмот е Огнен Антов, директор на фотографија е Романецот Патру Паунеску, сценографијата е на Владимир Зафироски, додека костимограф е Жаклина Крстевска.

Image may contain: 19 people, people sitting, crowd and indoor

Главните улоги во филмот ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и 12-годишниот охриѓанец Наум Цветкоски. За жал, Големиот наш актер Салаетин Билал, минатата година су замина пред да го види својот последен филм. Филмот „Дедо и внук“ е копродукција помеѓу Македонија и Романија.

Image may contain: 1 person, standing

Синоќа, на премиерата на филмот Дедо и внук, во големата сала на Центарот за култура во Битола присуствуваше и дел од филмската екипа која на крај на проекцијата публиката ја награди со долг аплауз. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави