Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка кај Радомирово, повреден 76-годишен охриѓанец

Охрид, 11. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – На 10-ти декември 2019 година, во 21:45 часот, на магистралниот пат Кичево-Охрид, во атарот на селото Радомирово, општина Дебрца, се случи сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Во незгодата учествувале патничко возило марка „Опел вектра“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од страна на 46-годишниот Љ.В. од тетовското село Порој, кое изгубило контрола и излетало од патот, при што удрило во 76-годишниот Е.М. од Охрид и паркирано патничко возило марка „Опел астра“, со охридски регистарски ознаки. Во незгодата, Е.М. се здобил со тешки телесни поврди и бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршил јавен обвинител и екипа од СВР Охрид, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука