Економија Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Годишна конференција на Секретаријатот за европски прашања во Струга

Струга, 12. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во хотелот „Изгрев“ во Струга, Секретаријатот за европски прашања денес ќе ја одржи годишната конференција „Заедно кон ѕвездите“.

Воведниот панел на конференцијата, насловен „Состојбата со Европските интеграции на Република Македонија, предизвиците и можностите по октомврискиот самит на ЕУ”, ќе го отвори Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, а свое обраќање ќе имаат и Џулијан Васал, Заменик-шеф на Делегацијата на ЕУ во земјава и раководител на Оддел за политички прашања, Амер Капетановиќ, Шеф на политичкиот оддел при Советот за Регионална Соработка (RCC), Ерван Фуере, Поранешен евроамбасадор во Република Македонија, како и Франсоа Лафонд, и Золтан Марку, советници на Османи делегирани во СЕП соодветно од владите на Франција и Унгарија.

На годишната конференција на Секретаријатот ќе биде направен пресек на досега сработеното во областа на европските интеграции, а ќе бидат отворени и темите поврзани со перспективите и очекувањата од новата Европска Комисија, иницијативите на клучните земји – членки за иднината на Европа, како и можностите на СЕП и воопшто на земјава, за усогласување со новите европски перспективи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука