Хроника

Пријавено лице од Охрид поради закани кон службеници во општина Охрид

Охрид, 12. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) -На 5-ти декември 2019 година, во Полициската станица во Охрид, пријавен е нарушен јавен ред и мир.

– Пријавено е агресивно однесување и упатени закани од страна на 52-годишниот С.Д. од Охрид кон повеќе службени лица вработени во општина Охрид.. Тој, од нив побарал да му бидат дадени на увид службени документи и откако бил препратен во одделението за информации од јавен карактер, со викање, навреди и закани се обидел да изврши присилба загрозувајќи ја нивната безбедност. Пријавениот е повикан во Полициска станица и против него, според Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, се поднесени барања за поведување прекршочна постапка, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука