Спорт

ЛШ: Атлетико се последниот патник во осминафиналето, ждрепката во понеделник (видео)

Париз, 12. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Атлетико Мадрид се последниот 16-ти клуб кој се пласираше во нокаут фазата на Лигата на шампионите, откако во последното коло со 2:0 го совладаа тимот на Локомотив Москва, гарантирајќи второ место пред Баер Леверкузен (кој загуби дома од Јувентус со 0:2 со головите на Роналдо и Игуаин).

Иако мечот започна со промашен пенал уште во втората минута на Киеран Трипиер, „јорганџиите“ бргу воспоставија контрола на мечот, откако Жоао Феликс стрелаше во 17. минута, повторно со удар од белата точка. Фелипе во 54. минута ја потврди победата за тимот на Диего Симеоне.

Во другите мечеви од последното коло, немаше неизвесност околу тоа кој е во осминафиналето, иако имаше дуели за третото место на табелата, кое води во Лига Европа.

Жесус ги „казни“ Динамо, Аталанта со храбра победа во Украина до осминафинале

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави