Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Официјализирана поделбата на МЈП „Проаква“ на три јавни претпријатија

Охрид, 12. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Од денес самостојно ќе функционираат јавните претпријатија „Водовод“ од Охрид, „Водовод“ – Струга и државното јавно претпријатие „Колекторски систем“.

Советот на општина Охрид на денешната седница ја прифати предложената одлука за давање согласност на одлуката за потврдување на Планот за поделба на МЈП „Проаква“ и потврдување на Спогодбата за присоединување од 4-ти ноември годинава.

– Во делбениот биланс кој денес го изгласаа советниците се предвидуваат 72 милиони денари, кои што беа како конто долг на општина Охрид спрема Министерството за финансии, по основ на кредитот кој што беше земен од Светска банка за колектор, да ги преземе новото јавно претпријатие „Колекторски систем“, рече градоначалникот Константин Георгиески при финализирње на процесот на формирање на новото јавно претпријатие „Колекторски систем.

По донесувањето на планот и спогодбата во иднина самостојно ќе функционираат јавните претпријатија „Водовод“ – Охрид, „Водовод“ – Струга и државното јавно претпријатие „Колекторски систем“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави