НБА: Богдан ја реши Оклахома, Харден броеше до 55, Вокер до 44 (Видео)
Орландо, 12. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Богдан Богдановиќ, Џејмс Харден, Леброн Џејмс и Кемба Вокер ја обележаа ноќта во НБА лигата.
Српскиот репрезентативец Богдановиќ постигна тројка на 13 секунди до крајот на мечот со која на Сакраменто им ја донесе победата над Оклахома 94:93. Богдановќ натпреварот го заврши со 17 поени.
Хјустон победија во Кливленд 116:110. Брилијантен меч одигра „Брадата“ Харден кој погоди 10 тројки од 18 обиди. Мечот го заврши со 55 поени, три скока и осум асистенции.
Лос Анџелес Лејкерс победија во Орландо 96:87. Леброн Џејмс мечот го заврши со трипл-дабл учинок (25 поени, 11 скока, 10 асистенции).
Целиот текст прочитајте го ОВДЕ
извор: Топспорт фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |