Избор Свет

И Грците кои живеат во странство добија право на глас

Атина, 12. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Со 288 гласа „за“ од вкупно 300 пратеници, грчкиот Парламент даде зелено светло за законот за право на глас за Грците кои живеат во странство.

Ова мнозинство кое се смета за историски консензус во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Новиот закон го поддржаа сите партии со исклучок на партијата на поранешниот министер за финансии Јанис Варуфакис, МЕРА25, која што беше против.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во неговиот говор на расправата непосредно пред гласањето рече дека станува збор за историска седница со голем меѓупартиски консензус. (Крај)

извор: Плус инфо фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука