Спорт

Наредната сезона ќе биде последна за Фетел во Ферари

Париз, 12. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Наредната сезона во шампионатот на Формула 1 би можела да биде последна за Себастијан Фетел во тимот на Ферари. Германецот сè уште не добил понуда за продолжување на договорот.

Четрикратниот светски шампион зад себе има лоша сезона во која забележа само една победа (Јапонија) и го освои скромното петто место во генералниот пласман.

Италијанските медиуми тврдат дека поради лошата форма, Фетел нема да добие нов договор, односно Ферари ќе се обиде во 2021 година, кога ќе му истече договорот на Германецот, да го донесе во тимот Британецот Луис Хамилтон.

Шпанскиот весник „Марка“ оди чекор понапред и тврди дека од 2021 година Фетел ќе го вози болидот на Мекларен.

Мекларен константно ги подобрува своите перформанси, а од 2021 година ќе добиваат мотори од Мерцедес. (Крај)

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука