Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

7 години WebOhrid

Охрид, 12. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Пред точно 7 години, на 12 декември 2012 година, точно во 12 часот, 12 минути и 12 секунди, започна со работа електронскиот медиум WebOhrid.

– Во изминатите седум години нашиот медиум постојано се доусовршуваше, а целта остана иста: брзо, точно и објективно информирање на јавноста. Нашата редакција е членка на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), со што целосно се залагаме за почитување на етиката и професионалните стандарди во известувањето. Резултат на нашето успешно и професионално работење се многуте признанија, пофалници и благодарници кои ги добиваме од страна на релевантните институции, фирми и поединци. Им се заблагодаруваме на сите наши читатели, кои постојано нè следат и кои нè поддржуваат изминативе седум години. Исто така, изразуваме голема благодарност кон сите нашите спонзори и соработници за поддршката која ни ја дадоа изминатиот период. WebOhrid – Вашиот објективен прозорец, порачуваат колегите од порталот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука