Избор Охрид

Порталот OhridSky со демант на објавената вест во денешниот Билтен на МВР

Охрид, 12. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Главниот и одговорен уредник на порталот OhridSky, испрати демант во врска со објавената вест во денешниот Билтен на МВР.

Демантот го објавуваме во целост:

Хоророт на полициски конструкции-местенки кој беше својствен во времето на тандемот Никола Груевски и Гордана Јанкулоска во Македонија не само што се врати туку истиот метод старо новите дечки во полициските служби го надоградија и проширија до тотална забеганост.

И во минатото, а посебно сега добро познати се полициските конструкции према поединци и групи на граѓани, кои мислат слободоумно, таквото нивно однесување претставува закана против мирот на криминалците со полициска значка!? За да биде појасно во времето на ВМРО-ДПМНЕ бев еден од тие новинари врз кој полицијата тогаш предводена од Гордана Јанкулоска цели 11 години вршеа малтретирање врз мене, моите вработени и врз мојата фамилија. Искрено се надевав дека со падот на Груевски и ветениот живот за сите ќе престане криминално партискиот реваншизам во Република Македонија.

Денес СВР Охрид издава соопштение, во кое соопштение со цел да се оцрни моето име внесува лажни содржини, а сето тоа намерно се конструира од началникот на СВР Охрид, Сашо Смилевски за лична пресметка врз мене, од причина што началникот Смилевски е ДОН на криминално милие во охридско струшкиот регион.

Се си има своја причина и позадина. Имено, редакцијата Охридскај е жесток критичар на сите криминални дејствија на раководната структура на партијата на власт, на криминлните трошења на парите на граѓаните на Општина Охрид и РСМ од страна на избраните и назначените функционери.

Се започна кога пред 14 дена редакцијата Охридскај побара званична информација од СВР Охрид за тоа кој дозволил да се движат тешки товарни возила низ охридската чаршија, при што се загрозува безбедноста на граѓаните и туристите во Охрид, а предизвикана и поголема материјална штета од над 300 илјади евра, на начин што целокупниот гранитен мермер со кој е поплочена охридската чаршија во поголем број од над 200 илјади квадрати е комплетно оштетен-искршен.

Тогаш од СВР Охрид добив одговор дека тие не биле надлежни, немале замислете оперативни сознанија дека во центарот на Охрид во старата охридската чаршија цели три дена и три ноќи се движеле тешки товарни возила и тешка градежна механизација?! Веднаш потоа по наредба на началникот Смилевски и командирот на ПС ОД ОН при СВР Охрид, Сашо Дончески дале напаствија до полициски службеници да се контролира моето движење, да бидам застануван со моето моторно возило, да се врши мое легитимирање со цел полициските службеници да ме провоцирале и доколку сум се однесувал дрско спрема нив имале наредба за мое приведување, а потоа ќе мислеле кој е делот да ми го накалемат?! Во изминатите 14 дена сопрен сум со моето возило 56 пати и сето тоа на ул „Партизанска“ во Охрид, по 8 до 9 пати во ден од се исти полициски службеници со образложение дека вршеле контрола дали возилото е регистрирано и дали јас поседувам возачка дозвола?! Но, и таа глупост ја простувам зошто недолжни полициски службеници како ќе им наредат така прават, полицаецот е должен да ја почитува наредбата на својот претпоставен, додека тие што ги издавале таквите наредби никако да дознаат дека мене ми е работа да знам и да бидам информиран, информиран сум за секаква нивна глупост, а имам време да чека да видам до каде ќе замине нивниот болен ментален склоп. Причината за пријавата е таа, конкретно низа нелогичности од самата пријава, Но да одиме по ред:

1. Точно е дека на ден 04.12.2019 година барав информација во Одделот за поддршка на Совет при Општина Охрид. Точен е фактот дека вработената- државен службеник, Кристина Алачова ја затекнав во канцеларијата, која наместо да седи во столот како секој нормален човек седеше на работната маса. И укажав на недоличното однесување и дека како државен службеник срамно е да седи на маса затоа што столот е за седење, како што е точно дека истата во повеќе наврати така се однесува и во канцеларијата, а и во ходникот пред канцеларијата каде е поставена маса за странки.

2. Побарав да ми се дадат записници од работа на комисии на Совет, нешто што според Закон за локална Самоуправа статут за работа на Советот на Општина Охрид и деловникот за работа, со Закон е потпишано дека работата на Советот е јавна и дека секој граѓанин имам право да добие непречен увид или документ од работата на Советот и комисиите, како што има право да присуствува и на седница и на комисии на Совет. За жал таквото право е скратено на граѓаните, одговорот е логичен затоа што одлукуте на Советот се носат со вибер пораки, Комисијата не се прашува во целост, туку одлучува градоначалникот и двајца негови советници, додека записници и останато се прават нахнадно спротивно на Закон и за тоа господата од Полиција на ден 07.12.2019 година не сакаат да примат кривична пријава со образложение од страна на водич на Секторот Марија Н..дека полицијата не е надлежна за примање кривични пријави и истата ја фрли во корпа.

3. Се поставува отворено прашањето до МВР, зошто доколку сум го нарушил јавниот ред и мир вработените не го повикале општинското обезбедување? Зошто настанот не е пријавен истиот ден, туку истото е направен ден потоа? Зошто МВР кога на ден 07.12.2019 година испрати по мене две комбиња да ме бараат дома и кај моите роднини, јас лично се јавив во полициска станица и од страна на истиот водич на сектор Марија Н.. ми беше кажано дека полицијата постапувајќи по Допрен глас имала оперативни сознанија дека сум го нарушил јавниот ред и мир во Општина Охрид?! Отакако и укажа полицијата не постапува по Допрен глас туку по пријава побарав пријавата да ми биде прочитана, при што од нејзина страна во првиот наврат тоа не беше сторено со образложение дека таа не може да го дешифрира напишаното од нејзиниот колега. Откако го повикав својот адвокат пријавата се прочита, пријавата била поднесена од вработена во Општина Охрид, по инсистирање на командирот на ПС од ОН Сашо Дончески, кој лично одел низ сите канцеларии во Општина Охрид и принудувал вработени да дадат изјава против мене, притоа убедувајќи дека истите ќе бидат анонимни а мене ќе ме пикнат затвор?! Сите вработени го одбиле предлогот на командирот Дончески како непристоен.

4. По пријавата која ја поднесува пријавата Општина Охрид стои дека сум бил испратен од вработените од Општина Охрид да барам Одделението за информации од јавен карактер?!

Поголема гглупост и поголема лага СВР Охрид не можела да смисли, ова не можешее да го состави најстручниот тим на Гордана Јанкуловска. Во Општина Охрид НЕ ПОСТОИ ОДДЕЛЕНИЕ ЗА ИНФОРМАЦИИ ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР. Постои Одделение за односи со јавност каде како раководител на тоа Одделение со усмена наредба на градоначалникот Константин Георгиески се појавува сопругата на началникот на СВР Охрид, Наташа Смилевска, попозната меѓу вработените под прекар НАЧАЛНИЧКА. За истата НАЧАЛНИЧКА во Општина Охрид, Константин Георгиески, градоначалникот на Општина Охрид, со цел да му ги удоволи желбите на брачниот пар НАЧАЛНИК И НАЧАЛНИЧКА, едниот на СВР Охрид, другиот на Општина Охрид распиша Јавен оглас за назначување на Раководител на Сектор за поддршка на градоначалник, со право на предност да има НАЧАЛНИЧКАТА Наташа Смилевска?! Како е тоа возможно да објасни и Константин Георгиески, Дамјан Манчевски популарната охридска началничка Наташа Смилевска во една година во 4 наврати да биде унапредена од помлад соработник па до раководител на сектор? Како е возможно 18 лица вклучително „Началничката“ да не одат на работа во Општина Охрид, внатрешни и надворешни лица да им ги чукаат картичките за работно време, сето тоа добро да го знае градоначаникот, како прв човек на Општина Охрид и да го одобрува ваквото нешто цела една година?! Пародијата да биде поглема од нив земаат плата, а се наоѓаат на привремена работа во странство.

5. Началникот на СВР Охрид, Сашо Смилевски, командирот Сашо Дончески, градоначалникот Констанин Георгиески придружувани од повеќе лица од криминалното милие, вчера одржувале прослава за поднесената пријава во ресторанот-дивоградбата „Потпеш“ во Охрид, каде конзумирале рибни и други специјалитети, славејќи ја поднесената пријава против мене.

Се читаме…

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука