Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес претежно облачно време со слаб локален дожд и температура до 7. степени

Охрид, 13. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Времето денес ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, а на планините со снег. Пообилни врнежи ќе има од ноќните часови.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 7. степени.

– Денес ќе се задржи променливо облачно време со слаб локален дожд, а на планините со снег. Пообилни врнежи ќе има од ноќните часови и во сабота, особено претпладне. Потоа следува период на стабилно и потопло време, од понеделник со услови за магла по одделни котлини, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука