Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Извршена е операција врз Тачо во Италија, повторно сме му потребни – да помогнеме

Охрид, 13. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Успешно е извршена операција врз Трајан Целески- Тачо во Италија, но повторно сме му потребни за да може да прима соодветна терапија.

– Охрид е сплотен, со срце за Тачо. Да му помогнеме сите заедно да се избори со оваа тешка битка, порачуваат охриѓани на социјалните мрежи.

Тие периодов наназад организираа бројни акции за собирање средства за помош на својот сограѓанин, 30 годишниот истакнат атлетичар и спортист.

Пред 2 години тој се избори со туморот на мозокот, но болеста повторно се врати. Поради критичната состојба, на 30-ти ноември тој итно замина на лекување во Италија.

Сите хумани луѓе можат да донираат со вртење на телефонот 070 143 133 и на трансакциската сметка во Стопанска банка со број 500600018999581. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука