Избор Култура Охрид

Охридскиот театар со „Детектор за лаги“ со одличен настап на „Денови на Нишиќ“ во Смедерево

Смедерево, 19. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Охридскиот Народен Театар синоќа во Смедерево, Србија имаше забележителен настап со претставата „Детектор за лаги“ на фестивалот „Денови на Нушиќ“.

Српската државна телевизија РТС утрово во живо од Смедерево, преку импресиите на охридските глумци Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, ги пренесе впечатоците од синоќешната претстава.

nikolarts

– Синоќа имавме одлична претстава и според реакциите на публиката тие навистина уживаа во неа. Како актери имавме фантастично искуство со публиката, изјави Никола Тодороски.

Според публиката, Стрезо Стаматовски е прогласен за глумец на вечерта:

– Беше големо изненадување за нас. Сакам да му се заблагодарам на домаќинот, на публиката и на сите кои беа инволвирани во претставата и се надевам дека следната година ќе бидеме дел од главната програма, изјави Стаматовски за РТС.

detektorzalagi

Оваа година во Смедерево се одржуваат 32-рите по ред „Денови на Нушиќ“, фестивал кој е со традиција од 1984 година и се одржува во чест на големиот Бранислав Нушиќ, кој своето детство и младост ги поминал токму во овој град.

Во драмата која ги третира брачните интриги заради кои сопружниците ќе мора да побараат и психијатриска помош, играат: Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. Режијата е на Ненад Витанов, а сценограф е Филип Коруновски. (Крај)

извор: РТС фото: РТС

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави