Економија

Србиноски: Оваа година средствата предвидени за Бадниковата вечер ќе ги донираме во хуманитарни цели

Охрид, 20. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – „Тамаро“ маркетите ја започнаа успешната приказна на градење на посебен бренд во далечната 1997 година. Денес важат за еден од лидерите на пазарот на локално и регионално ниво.

Во интервју на Супер радио и OhridPress, Климент Србиноски генералниот менаџер на „Тамаро“ маркетите за новитетите во работата на компанијата, за тоа како годинава ќе се прослави традиционалната „Бадникова вечер“…

Супер радио: Охридските „Тамаро“ маркети пред Нова година, веќе години наназад ги изненадуваат најмладите со новогодишни пакетчиња. Се доделуваа над 2.000 пакетчиња, заедно со забави со Дедо Мраз и многу насмевки за најмладите. Дали и годинава се подготвува нешто вакво и што да очекуваат охриѓани за празниците од нивниот омилен маркет?

Србиноски: Овој пат решивме традицијата да ја продолжиме на еден различен и хуман начин. Секоја година правиме настан и секоја следна година станува се’ поголем и поголем, донираме пакетчиња за нашите лојални муштерии кои пазарат кај нас со специјални гости и прекрасна надворешна Бадникова вечер. Оваа година решивме сите средства од пакетчињата и организацијата да ги донираме во хуманитарни цели затоа што многу наши сограѓани имаат сериозна потреба од тоа. Дел од парите ќе ги донираме за помош на нашиот Трајан Целески- Тачо, ја продолжуваме и 7 години долгата традиција за поддршка на Бадниковата поворка. Ќе донираме 300 пакетчиња за најмладите кои носат радост по градот пеејќи ја Божикната песна „Вечниот Бог“, а преку охридскиот Црвен крст ќе донираме уште 100 пакетчиња за децата од социјално ранливите категории граѓани за да донесеме радост во многу домови во нашиот град.

Image may contain: 3 people, people standing, beard and text

Супер радио: Вие сте млад човек, кој секој ден мора да носи сериозни одлуки. Дали имате доволно време за приватниот живот, за сопругата, пријателите… Често знаеме да кажеме дека денот ни е прекраток за сите обврски. Може ли да се стигнат сите обврски, доколку добро се организираме. Кој би бил вашиот совет на ова поле за сите кои сега почнуваат со приватен бизнис?

Србиноски: Со добар тим т.е семејство, зошто е тимот дел од семејството, организација , добро подредено време за состаноци и бизнис средби и зделки, секогаш има време за приватен живот. Јас еден час во денот посветувам и за мене лично, со вежбање фитнес и бодибилдинг и други спортови. Секако има време и за други активности во текот на денот, дружба со пријателите…

Супер радио: Во Охрид и државата, брендот „Тамаро“ и секако Вашето име, веќе подолг период наназад е добро познато. Сепак, неодамна, за Вашата успешна работа се слушна многу подалеку. Ја добивте престижната награда на манифестацијата „Врвни светски брендови“ и се вброивте меѓу најдобрите 40 бизнисмени под 40 години во Југоисточна Европа. Што значи за Вас лично, но и за брендот „Тамаро“ оваа награда?

Србиноски: Во животот никогаш не ме исполнувале наградите, материјалното. Но, трудот што го вложувам некогаш мора да се означи со некоја награда или мал гест што е доволно за да се почувствувам добро и исполнето дека некој го гледа и почитува тоа што го работам. Би сакал сите луѓе што се трудат да го почувствуваат тоа што јас го осетив со дружбата и запознавањрто со нови луѓе, нови бизнис идеи… Тоа останува секогаш во моето срце. Се’ друго е минливо. И за „Тамаро“ се врзува добар имиџ затоа што работиме напорно и чесно и секогаш се трудиме она што ќе го замислиме да го исполниме.

Image may contain: 1 person, standing and suit

Супер радио: Од неодамна „Тамаро“ е дел од една супер-успешна приказна во Охрид наречена Mozzafiato. Дали угодителството Ви е предизвик, дамнешна желба или едноставно бинис инвестиција, која се покажа како полн погодок и понуди неверојатна свежина во градот, особено во делот на акциите, музичката програма, забавата и сл.

Србиноски: Од секогаш сум имал желба да имам добар Кафе бар, зошто по природа сакам кафе и уживам секој ден во секоја голтка кафе. Нормално е некогаш и самиот бизнис да даде насока каде следно да се движат инвестициите. Угостителството е добар бизнис, но мора да се работи со многу трпение, сила, волја и секако сериозна парична инвестиција за да се почне тој бизнис. Во периодов пред нас ќе има многу изненадувања, богата музичка програма и многу забава… Нудиме многу свежина и сосема нов концепт за Охрид. Повелете, да го оживееме моментот со Mozzafiato.

Супер радио: Кога се зборува за „Тамаро“, неизбежно е да се спомене и хуманитарниот аспект на Вашата компанија. Секојдневно сме сведоци дека се собираат средства за болни деца. На што најмногу се насочувате кога станува збор за ваквите акции?

Србиноски: Гледаме да помогнеме секаде каде сме во можност да го направиме тоа. Постојано доаѓаат барања за многу донации, но ние најмногу помагаме кога се работи за вистинска потреба и кога се работи за болест на некој наш сограѓанин. И секогаш ќе помагаме за хуманитарни цели како во овој случај.

Супер радио: Во период сме кога започнува највеселиот период од годината. Една порака до вашите најблиски, пријателите, купувачите во маркетите и сите коминтенти и бизнис соработници.

Србиноски: Ве чекаме во Mozzafiato да уживате во вистинска и неверојатна приказна заедно со нас. Бидете хумани и давајте на сите како Господ што Ви дава вас. Тогаш ќе сте најсреќни, како што сум и јас. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука