Забава Избор

Три нови холивудски филмски хитови пред охридската публика

Охрид, 20. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти и 5 -ти мај во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, ќе се прикажуваат три нови филмови од светската кинематографија.

Ќе се прикажува филмот “Одмаздници 2: Ерата на Ултрон 3D”, потоа “Најдобриот егзотичен хотел Мариголд 2D” и “Зошто не го изедов татко ми”- анимираната комедија 3D.

“Одмаздници 2: Ерата на Ултрон 3D”

Кога Тони Старк ќе се обиде да ја стартува заборавената мировна програма, работите ќе тргнат во погрешна насока…

Оригинален наслов: The Avengers: Age of Ultron
Траење на филмот: 150 Минути
Земја / година: USA/2015
Жанр: Акција, Авантура
Актери: Robert Downey Jr., Chris Hemsworth, Chris Evans, Scarlett Johansson, Mark Ruffalo, Jeremy Renner
Режија: Joss Whedon
Дистрибутер: 2i Film
Возрасна Категорија: Трета категорија, 12+

Прикажување 4-ти и 5-ти мај, почеток 21.00 часот, влез 200 денари.

“Најдобриот егзотичен хотел Мариголд 2D”

hotelmarigold

“Најдобриот егзотичен хотел Мариголд 2D” е големиот сон на Сони (Дев Пател) кој му одзема и повеќе време отколку што има, со оглед на тоа дека тој штотуку стапил во брак со Сунаин (Тина Десаи), која е љубовта на неговиот живот.

Оригинален наслов:The Second Best Exotic Marigold Hotel
Траење на филмот:123 Минути
Земја / година: GBR/2015
Жанр: Комедија, Драма
Актери: Judi Dench, Tom Wilkinson, Maggie Smith, Bill Nighy
Режија: John Madden
Дистрибутер: MCF MKD Skopje
Возрасна Категорија: Втора категорија, родителски надзор

Проекции на 4 -ти и 5 -ти мај 2015 година, почеток 19.00 часот, влез 150 денари.

“Зошто не го изедов татко ми”- анимирана комедија 3D – синхронизирано на македонски јазик

zostonegoizedovtatkomi

4 -ти и 5 -ти мај 2015 година почеток 17.00 часот, влез 200 денари

Анимираната комедија “Зошто не го изедов татко ми” не враќа во период од пред две милиони години, кога веднаш по ручекот, младиот примат по име Едвард паднал од дрво. За да преживее, Едвард се исправува и го измислува одењето на две нозе, додека по некое време ја усовршува својата генијалност – го пронаоѓа огнот, ловот, љубовта и надежта…

Оригинален наслов: Pourquoi j’ai pas mangé mon père
Траење на филмот: 91 Минути
Земја / година: FRA/2015
Жанр: Анимиран / цртан
Глумци: Jamel Debbouze, Youssef Hajdi, Johanna Hilaire
Режија: Jamel Debbouze
Дистрибутер: MCF MKD Skopje
Возрасна Категорија: Втора категорија, родителски надзор (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави