Избор Охрид

Конкурс за запишување ученици во I година во учебната 2015/2016 година во ОСУ „Св. Климент Охридски“

Охрид, 20. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Општинското средно училиште „Св. Климент Охридски“ од Охрид, распишува интерен оглас за спроведување на Конкурсот за запишување ученици во I година во учебната 2015/2016 година.

Во I година во првиот уписен рок во ОСУ „Св. Климент Охридски” – Охрид ќе се запишат 272 ученици во 8 паралелки со настава на македонски јазик според наставните планови и програми за

– гимназиско образование – 272 ученици, 8 паралелки, 60 миниумум поени

Услови за запишување на учениците се:

– да имаат завршено основно образование;
– да не се постари од 17 години
– да се определиле за план и програма за гимназиско образование
– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој оглас

Учениците кои се запишуваат за вториот европски јазик се определуваат помеѓу англискиот, францускиот, германскиот и италијанскиот јазик, а првиот европски јазик е јазикот кој го изучувал во основното училиште. Првиот и вториот европски јазик се наведуваат во пријавата.

Пријавувањето во јунскиот уписен рок ќе се врши на 22-ри и 23-ри јуни 2015 година, а резултатите од запишаните и слободните места ќе бидат објавени на 24-ти јуни 2015 година.

Доколку е потребно, квалификационото тестирање ќе се организира на 25-ти јуни 2015 година, а резултатите ќе се објават на 26-ти јуни 2015 година.

Пријавувањето треба да се врши лично од ученикот или родителот, односно старателот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука