Избор Охрид

Теодора Бујароска освои бронзен медал на Европската математичка олимпијада

Охрид, 20. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти овој месец во Универзитетот ФОН – Скопје, се одржа Македонската математичка олимпијада 2015, за учениците од средното образование.

Учениците Теодора Бујароска и Виктор Домазетоски ученици во IV година во ОСУ„Св. Климент Охридски“ – Охрид под менторство на професор Валентин Чачор освоија бронзени медалји.

Во периодот од 14-ти до 20-ти април во Минск, Белорусија се одржа 4-тата Европска Женска Математичка Олимпијада – EGMO 2015 на која учестваше 4-член тим што ја претставуваше Македонија во состав Теодора Бујароска, Теа Стоилкоска, Сања Симоновиќ и Анастастија Трајанова.

Теодора Бујароска ученик во ОСУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид, под менторство на професор Валентин Чачор освои бронзен медал. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука