Избор Охрид

Избрани најдобрите охридски ученици по географија

Охрид, 20. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Викендов во просториите на ОУ „Христо Узунов“ во Охрид, се одржа регионален натпревар по географија за основните училишта.

Најдобри резултати имаа учениците:

– Рената Павлеска од ОУ „Братство-Единство“ од Охрид, ментор Весна Сион,

– Виктор Блажески од ОУ „Климент Охридски“ од Охрид, ментор Нине Симоновска,

– Емилија Кацелиноска од ОУ „Ванчо Николески“ село Лескоец, ментор Татјана Пуцоска,

– Надица Наумоска од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид, ментор Зоран Николоски,

– Сара Паункоска од ОУ „Григор Прличев“ од Охрид, ментор Колина Милошеска,

– Атанас Спасевски од ОУ „Христо Узунов“ од Охрид, ментор Зоран Николоски и

– Емилија Наумоска од ОУ „Дебрца“ од село Белчишта, ментор Билјана Силјаноска.

Тие ќе учествуваат на државниот натпревар кој ќе се одржи на 8-ми и 9-ти мај во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука