Свет

Утре ќе се потпише договор меѓу Грција и Русија за „Турски поток“

Атина, 20. април 2015 (ОХРИДПРЕС) – Договор меѓу Грција и Русија за гасоводот „Турски поток“ ќе има и ќе биде потпишан утре, изјави грчки официјален претставник.

Иако од Кремљ оваа вест беше негирана, изворот за balkaninsight од соседна Грција тврди дека договорот ќе биде потпишан во Атина и ќе и’ донесе на Грција околу 5 милијарди евра.

Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле коментира дека ваквата трансакција нема да ги реши финансиските проблеми на Грција.

Гасоводот, проектиран на местото на „Јужен поток“, е планиран да ја заобиколи Бугарија преку Црното Море, Турција и Грција. Реализацијата му е сеуште под прашање поради недоразбирања меѓу руската и турската влада за цената на гасот. (Крај)

извор: balkaninsight фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука