Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Се подготвува седмата Бадникова поворка во Охрид

Охрид, 29. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во тек се подготовките за седмата по ред Бадникова поворка, што наскоро ќе се одржи во Охрид.

Се очекува на Бадник стотици деца пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ низ охридските улици да ја најават радосната вест за Христовото раѓање.

Проби веќе се одржуваат во салата на ОУ „Христо Узунов“, а сите заинтересирани деца може да бидат дел од овој настан. Идејата е да се воспостави традиција на православно празнување на Бадник, со пеење на православни црковни песни. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука