Забава Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Врвно музичко уживање: Marko Louis вечерва во живо на Градскиот плоштад во Охрид

Охрид, 2. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Српскиот музички феномен, одличниот Marko Louis доаѓа во Охрид, каде вечерва ќе настапи во рамките на новогодишната програма.

Роден во семејство на музичари, Marko е син на познатиот српски музичар Louis, кој го пораснал со најдоброто од soul and jazz хитовите од 1960-тите и 70-тите години од минатиот век. Токму овие хитови од детството, во комбинација со ритамот и звуците од родната земја, Балканскиот музички ген и неговото гледање на модерната soul, R&B и pop култура, прават неговата музика да биде раскошен, особено за музичар на негова возраст.

Исклучителен вокал, грандиозни аранжмани… Сето ова е доволно за најголемите сцени на Балканот да бидат неговиот подиум за изразување и комуникација со неговата се’ побројна публика. За неа веќе ги испрача албумите „Shine On Me“ (2015), „Beskraj“ (2017) и најновиот „Euridika“.

Marko Louis вечерва на Градскиот плоштад во Охрид. Сосема доволна причина да одвоите два часа за врвно музичко уживање. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука