Забава Избор Струга ТОП ВЕСТИ

Сите патишта водат во Вевчани, започнува Вевчанскиот карневал

Вевчани, 12. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Под мотото „Напрај се Василичар“, денес во Вевчани започнува годинешното издание на Вевчанскиот карневал.

Маските се подготвени, но како и секогаш се чуваат во тајност. Василичарите го чекаат утрешниот, 13-ти јануари за конечниот почеток на карневалот стар со милениуми. Најавуваат многу сатира креативност и одлична забава од 12-ти до 14-ти овој месец.

Вевчанци, и оваа година очекуваат рекорден број на посетители. Тие прашуваат: „Кеојш?“ Одговорот веќе го знаете: На Вевчански карневал!

Видно возбудени, и оваа година тие очекуваат рекорден број на посетители. Минатата година над 10 илјади гости присуствуваа на Вевчанскиот карневал, а домаќините велат дека секоја година бројот се зголемува. Тие сѐ уште ги чуваат во тајност маските коишто ги подготвуваа во текот на целата година, но најавуваат многу сатира, креативност и одлична забава.

Image may contain: 8 people, meme and text

– Рестораните и кафеаните се подготвени за да ги пречекаат илјадниците гости. Тие велат дека неодоливата вевчанска кујна и вкусното вевчанско вино несомнено ќе ве расположат и покрај ниските температури. Искористете го продолжениот викенд за да го посетите овој несекојдневен настан, а воедно и да уживате во вевчанскиот крај цели 5 дена. Вевчанци како домаќини, ветуваат луд и незаборавен провод со многу хумор и сатира. Вековната традиција и историја на Вевчанци вреди да се почувствува на Вевчанскиот карневал. Вевчани и Вевчанци се подготвени, а вие – прашуваат организаторите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука