Спорт

Србија со првиот АТП куп, Надал лут: Фановите не разбираат тенис, мислат дека е фудбал

Сиднеј, 13. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Новак Ѓоковиќ и Виктор Троицки ги совладаа фаворизираните Пабло Карењо Буста и Фелисијано Лопез со 6:3/6:4 за Србија да го освои АТП купот, натпреварувањето кое се оддржува првпат на стартот на австралиската тениска сезона.

Прво во сингл, Роберто Баутиста Агут лесно го победи Душан Лајовиќ, за потоа во мега-пресметката во сингл, Ѓоковиќ да биде подобар од светскиот број 1, Рафаел Надал за израмнување на 1:1. Надал реши да паузира во мечот во двојки, давајќи му шанса на Ѓоковиќ годината да ја стартува со титула.

По поразот, Надал не беше задоволен од прегласните српски навивачи кои направија атмосфера како во Дејвис купот. Откако загуби сервис во седмиот гем од сетот, тој се пожали на судијата Мохамед Лахјани, а на навивачите им покажа кренат палец.

„Искрено, публиката беше фантастична во сите денови натпреварување, но понекогаш некои луѓе од некои земји не сфаќаат како функционира тенисот, мислат дека тоа е фудбал. Почитувањето мора да биде тука, а мал дел од публиката не се однесуваше така“, изјави Надал. (Крај)

Целиот текст прочитајте го ОВДЕ

извор: Топспорт фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука