Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Богата програма за празникот Богојавление-Водици во Охрид

Охрид, 13. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во рамки на програмата за одбележување на големиот христијански празник Богојавление-Водици, Општина Охрид организира голем концерт на балканската музичка ѕвезда Петар Грашо, кој ќе се одржи во пресрет на празникот на 18-ти јануари со почеток во 20:00 часот на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“.

На 19-ти јануари на денот на празникот, со почеток во 10:00 часот на Градското пристаниште ќе се одржи голем црковно-народен собир по повод Богојавленскиот водосвет и традиционалното фрлање на Светиот крст во водите на Охридското Езеро.

Фотографија на Super radio Ohrid.

Во насока на збогатување на содржините за гостите, на 20-ти јануари во рамки на манифестацијата Денот на рибарите, на празникот Свети Јован Крстител, на Градскиот плоштад со почеток во 12:00 часот ќе се одржи концерт на македонската фолк ѕвезда Миле Кузманоски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука