Забава Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Денес се објавуват номинациите за Оскар, „Медена земја“ кандидат во две категории

Лос Анџелес, 13. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Американската филмска академија попладне ќе ги соопшти номинациите во 24 категории со петте кандидати во трка за „Оскар“ за церемонијата на доделување на престижната награда, која ќе се одржи на 9-ти февруари во Лос Анџелес.

Македонскиот документарец „Медена земја“ е во потесен избор во две категотрии: за најдобар документарец и за најдобар странски филм.

Во категоријата најдобар документарец, филмот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е меѓу 15 селектирани од 159 квалификувани, а во категоријата за најдобар интернационален филм е во потесниот избор во кој влегоа десет наслови од 91 пријавен.

По победата на американскиот фестивал „Санденс“ минатата година, филмот имаше импресивна година со освоени голем број награди, номинaција за европски Оскар и блескави критики од најреномираните филмски критичари и медиуми.

Доколку влезе во конкуренција, „Медена земја“ ќе биде втор филм со номинација за Оскар, по „Пред дождот“ на Милчо Манчевски во 1995 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука