Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријави за две лица кои учествувале во тепачка во Вевчани

Струга, 13. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти јануари 2020 година, во 01:20 часот во Вевчани, нарушен е јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу две лица.

– Во инцидентот учествувале 21-годишниот Ј.А. и една година помладиот А.А., двајцата од Струга. Тие се приведени во Полициска станица и по целосно документирање на настанот, ќе им биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука