Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Жена од Велестово уапсена на скопскиот аеродром

Скопје/Охрид, 14. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 13-ти јануари 2020 година, во 18:10 часот, на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ била лишена од слобода 47-годишната Ј.Д. од охридското село Велестово.

– При пасошка контрола било констатирано дека таа се наоѓа на листата со мерка „апси“, по наредба од Основен суд Гостивар. Таа била предадена на полициски службеници од Полициската станица Карпош за понатамошна постапка, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: Капитал

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука