Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Здружението „Чекоштина урбан“ ќе го подигнува квалитетот на живот во оваа месност

Охрид, 15. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од неодамна во Охрид функционира Здружението за развој „Чекоштина урбан“.

Истото има за цел преку заеднички активности и соработка со локалната и централната власт, како и со други институции, да се заложи за подигнување квалитетот на живот во месноста Чекоштина.

– Оваа месност е голема по површина и во неа животот е се‘ подинамичен. Има бројни семејни куќи и викендички, многумина се занимаваат со земјоделство, сточарство и туризам. Делумно е урбанизирана, а делумно не е. Сепак имаме бројни заеднички проблеми кои можат да се решат, некои со мали средства, а некои дури само со добра волја на надлежните. Во здружението членуваат жители и сопственици или корисници на недвижен имот во Чекоштина, информираат од „Чекоштина урбан“.

Повеќе детали за работата на Здружението и идните активности ќе бидат соопштени утре на прес конференција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: bilbord.com.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука