Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Крводарителна акција „Водици 2020“

Охрид, 15. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на активностите од Програмата за одбелжување на Големиот православен празник „Богојавление Водици“ во Охрид, во недела, на 19-ти јануари 2020 година, охридскиот Црвен крст ќе ја организира традиционалната крводарителна акција „Водици 2020“.

Крводарителната акција годинава ќе се реализира под мотото „Една капка може да промени се“, а сите хумани граѓани ќе имаат можност да даруваат крв во периодот од 09:00 до 15:00 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука