Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

За Водици забрането паркирање кај кружниот тек и Капетанија

Охрид, 16. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од сабота до понеделник забрането паркирање кај кружниот тек и Капетанија.

Поради непречено одвивање на сите активности во делот на организизацијата на големиот црквно-народен собир по повод големиот христијански празник Богојавление Водици од сабота, 18-ти јануари од 23:00 часот до понеделник, 20-ти јануари до 16:00 часот нема да биде дозволено паркирање на потегот во близина на објектот на Капетанијата на пристаништата и паркингот во потегот на кружниот тек во центарот на Охрид.

Од локалната упатуваат апел до сите сопственици навреме да ги отстранат своите моторни возила од овој потег. Во спротивно, возилата ќе бидат отстранети со помош на надлежните служби. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука