Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Почна украсувањето на градот за Водици

Охрид, 16. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Денеска започна украсувањето на Охридското пристаниште и крајбрежниот потег, по повод одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици.

Екипи на јавното претпријатие „Охридски Комуналец”, ги украсија канделабрите и оградите на пристаништето со зеленило од растенијата чемпрес и принус.

Во текот на утрешниот ден ќе бидат поставени верски знамиња и украсни знаменца во чаршијата и на улиците во централниот дел на градот, кои водат кон градското пристаниште. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

 

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука