„Гладијаторите“ ги почнаа подготовките за пролетната полусезона
Охрид, 16. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Охридските ракометари, по заслужената пауза, вчера во спортската сала во Велгошти ги стартуваа подготовките за пролетната полусезона.
Покрај во Охрид, на почетокот на следниот месец ќе се подготвуваат и во Будва, Црна Гора.
Есенската полусезона во Супер лигата ја завршија со 12 победи, едно реми и еден пораз, со што успеаа да се пласираат на втората позиција на табелата со 37 бодови, само еден помалку од лидерот Металург.
Играта што ја прикажаа и бодовното салдо осигуруваат место во плејофот. Натпреварите во пролетниот дел од Супер лигата ќе започнат на крајот на февруари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ГРК Охрид
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |