Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес сончево време со умерена облачност и температура до 8. степени

Охрид, 17. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Претпладне ќе дува слаб до умерен северен ветер. Кон крајот на денот по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност.

Максималната температура во Охрид ќе се искачи до 8. степени.

– Утре по котлините ќе има појава на магла и ниска облачност. Во недела ќе преовладува променливо облачно време, на повисоките места и планините со повремен локален снег. Во почетокот на наредната седмица се очекува стабилно време со слаб до умерен северозападен ветер, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука