Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

Меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2020“

Охрид, 17. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Од 17-19 јануари 2020 година, по 8-ми пат во Охрид ќе се одржи Меѓународната конференција „Охрид-Водици 2020“.

Оваа година на конференцијата тематски е посветена на „Современите предизвици за заштита и управување со природното и културното наследство“. Истата е во организација на ФОН Универзитетот и Институтот за социо – културна антропологија, а во партнерство со „MIRAS“ – Социјалната Организација за Поддршка на Проучување на Културно Наследство од Баку, Азербејџан, списанието „Руски политички науки“ од Москва, Русија, како и списанието „Журнал за Глобални процеси“ од Мајами, Флорида, САД.

Конференцијата ќе започне во 11:00 часот, во „Куќата на Уранија“ во Охрид, а на отворањето ќе говорат пратеникот проф. д-р Рубин Земон, министерот во Владата на Република Македонија и претседателот на националната комисија за УНЕСКО Едмонд Адеми, како и градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиевски.

На конференцијата учествуваат 56 учесници, од 10 земји, со 35 трудови. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука