Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Големиот казан во кој ќе се подготвува традиционалната рибна чорба поставен на Градскиот плоштад

Охрид, 17. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на манифестацијата Денот на рибарите, која ќе се одржи во понеделник, на 20-ти јануари на празникот Свети Јован Крстител, и оваа година ќе се подготвува традиционалната рибна чорба.

Чорбата ќе се подготвува во голем казан, кој утрово беше поставен на Градскиот плоштад. За подготовката на овој специјалитет ќе бидат задолжени професорите и учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“.

Image may contain: car and outdoor

Image may contain: one or more people, sky and outdoor

Според планираното, се очекува да бидат подготвени околу 1,5 тони чорба или околу 5.000 порции, кои ќе бидат послужени на присутните гости на манифестацијата. Дел од подготвената чорба ќе биде доставена и до социјално ранливите семејства од градот. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: Општина Охрид

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука