Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Во ноември лани во Охрид издадени 14 одобренија за градба

Охрид, 17. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во месец ноември минатата година во Охрид биле издадени 14 одобренија за градба, објави Државниот завод за статистика.

Во 11 случаи како инвеститор се јавува физичко лице, а во 3 деловен субјект. Предвидената вредност на објектите е 199 540 000 денари.

За издадените одобренија се планира изградба на 127 станови со вкупна корисна површина 8 053 м². Најголемиот дел од становите се еднособни и двособни.

Во анализираниот период, во општина Дебрца нема издадени одобренија за градба.

На ниво на Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика во ноември 2019 година се издадени 243 одобренија за градење, што е за 16.8 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2 469 671 денари, што е за 16.1 % помалку во однос на истиот месец од 2018 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука