Сега е официјално – Ешли Јанг потпиша со Интер
Милано, 18. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Ешли Јанг е официјално нов фудбалер на Интер, каде што ќе им се приклучи на поранешните соиграчи од Манчестер јунајтед, Ромелу Лукаку и Алексис Санчез.
34-годишниот англиски ветеран пристигна во Милано вчера, потврдувајќи дека првпат е во италијанскиот град, а по комплетирањето на медицинските тестови стави потпис на шестмесечен договор до јуни 2020 со опција за продолжување на договорот за уште една сезона.
Неговиот договор со „ѓаволите“ завршуваше во јуни, така што трансферот ќе ги чини Интер само 1.5 милиони евра. Јанг имаше 18 настапи за Јунајтед оваа сезона и беше капитен на тимот, а се очекува да биде во составот на Антонио Конте за неделното гостување во Лече.
? | ANNUNCIO@youngy18 è un nuovo giocatore dell'Inter! ✍️⚫️?
? https://t.co/gS37sSIvlM#WelcomeAshley #NotForEveryone pic.twitter.com/SUARAutGNn
— Inter (@Inter) January 17, 2020
извор: Топспорт фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |