Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Ограбена аптека на булевар „Туристичка“

Охрид, 18. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти јануари 2020 година, во 20:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во аптека на булеварот „Туристичка“ во Охрид, едно лице упатило закана кон вработената по што и одзел пари од касата.

– На местото на настанот, по овластување на Јавен обвинител, увид извршија полициски екипи. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука